Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Гази Баба субвенционира купување печки на пелети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
275867837_157812989963958_4613048795136706017_n

Општина Гази Баба денес 16.03.2022 година објави Јавен повик за надоместување на трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Гази Баба за купување на печки на пелети за 2022 година.

— реклама —

За објавениот повик, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Општина Гази Баба со цел да ги стимулира жителите за примена на почисто гориво и квалитетни печки за затоплување на своите домови, денес 16.03.2022 година објави Јавен повик за субвенционирање на жителите кои ќе купат печки на пелети од 01.01.2022 година па се до денот на завршување на Јавниот повик односно до трошење на предвидените финансиски средства за 2022 година, ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на печка на пелети во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.

— реклама —

Ги повикувам граѓаните да аплицираат, а повикот ќе се реализира по принципот прв дојден - прв услужен.

За условите и потребните документи Ве упатувам на следниот линк:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања