Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ГДУ: Бараме неотповиклива оставка од директорката на ЈП „Билјанини Извори“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
32308868_363326000853869_4210125723215593472_n

За жал, денес сме сведоци на неетички и неморални постапки во кои целосно се злоупотребува вработен во ЈП „Билјанини Извори“, притоа не мислејќи на последиците кои му ги нанесуваат. Сепак се работи за човек кој дома има едно мало детенце, а на пат е уште едно.

Како и да пробаат да го оцрнат работникот, само ќе покажат дополнително колку многу „РАБОТЕЛА“ етиката и моралот кај таквите личности, како што е директорката на јавното претпријатие. Мораме да напоменеме дека со многу слични ситуации бевме соочени на локалните избори и до нас пристигнаа многу други вакви застрашувачки информации, но бевме немоќни поради недостаток на докази. Моќта на СДСМ на локалните избори беше преголема што не дозволуваа да испливаат ваквите информации, нормално со помош на сите институции кои ги раководат, се вели во соопштението од ГДУ.

— реклама —

Една таква институција е баш ЈП „Билјанини Извори“, за кое имаме сознание дека им наложило на своите вработени да гласаат за СДСМ или во спротивно ќе ги изгубат работните места, но не само тоа, туку и да донесат уште најмалку 5-6 гласови. Замислете до кој степен оди работата кога се подготвени дури и лебот на родител кој храни деца да му се одземе. Колку е тоа ниско и колку и да боли, тоа е целата вистина за локалните избори.

— реклама —

ГДУ-Охрид целосно застанува во одбрана на својот сограѓанин и ќе се заложи да ја истера правдата до крај. Бараме неотповиклива оставка од директорката, која се осудила на ваков потег и ја злоупотребила својата службена должност и посегнала на ваков чекор, а воедно очекуваме надлежните институции да ги преземат потребните чекори и да се задоволи правдата. Згрозени сме од дополнителните информации кои ги слушнавме од нашиот сограѓанин и на какви се закани бил наложен и пред и после изборите, но за жал не е се документирано.

— реклама —

И за крај, го прашуваме градоначалникот, дали е ментор на целиот притисок? Дали има сознание за ваквиот потег на директорката? Каква е неговата улога во притисокот и заканите врз вработените во јавната администрација, се вели во соопштението од ГДУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања