Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ГДУ: Бараме Златко Марин да им одговори на граѓаните зошто ќе троши дури 73. 000 евра за да ги информира што работел или ќе сработел за нив?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
gdu

Наместо дрва, никнаа згради. И тоа е единственото што се работи во општина Аеродром. Човекот кој ветуваше зеленило,со мега објектите го загуши Аеродром, Златко Марин, уверуваше дека ќе ја сопре изградбата на десеткатницата кај „Мајчин дом“, а кога седна во фотелја со негова дозвола се уништи единствената зелена површина која остана долж булеварот „Јане Сандански“. Очигледно е дека неговите ветувања кои ги даде во времето кога се кандидираше беа само празни зборови. Просто човек да се запраша дали ја има прочитано програмата со која го доби мандатот, се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.

Бараме Златко Марин да им одговори на граѓаните зошто ќе троши дури 73. 000 евра за да ги информира што работел или ќе сработел за нив? Неговиот имиџ не може да го подобри ниту една агенција. Трошењето на толку пари за имиџ на градоначалник е срамно и бесмислено.

— реклама —

— реклама —

  1. 000 евра месечно, Марин, ќе плаќа за агенција да му одредува како да се движи и што да зборува на јавните настапи, па и на социјалните медиуми да го фали колку е добар и колку тој работи. Но ни фалби, ни фејсбук, ни твитер не помага. Граѓаните гледаат и знаат и не ве бираа за пари да трошите на вашиот имиџ и да ја покривате неспособноста, туку да им овозможите поубав живот.

Премиерот Заев не смее да молчи за ваквите скандалозни однесувања на неговите неспособни градоначалници. Време е „метлата“ да ги фати и нив.

— реклама —

Премиере, почнете да барате оставки од оние кои не му служат на народот. Почнете од градоначалникот на Аеродром, Златко Марин, зошто со ангажирањето на маркетинг агенцијата за подобрување на својот имиџ, јасно е дека нема намера сам тоа да го стори, се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања