Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ГДУ: Без промена на изборниот модел лидерската средба е беспредметна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
gdu

Пред утрешната лидерска средба, сакаме да предупредиме дека неопходна е  промена на изборниот модел и доколку оваа точка не биде прва за која  лидерите ќе разговараат, лидерската средба би била беспредметна.  Промената на изборниот модел е предуслов за демократија. Но властите поради криминалите заборавија на ветувањата дадени пред избори во насока на демократизација и развој на парламентарната демократија, се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија-ГДУ.

Собранието ни е како гласачка машина и наместо да ја контролира Владата, се случува  обратно – Владата го контролира Собранието. Без разлика дали изборите ќе бидат во септември, октомври или март неопходна е промена на изборниот модел, во спротивно ништо нема да се промени. Само ќе се заменат ликовите во фотелјите, а криминалот и непотизмот ќе продолжат да цветаат.

— реклама —

Веќе видовме како едните само продолжуваат онаму каде што другите застанале. Видовме дека добро разработената шема „да има за нас, а за народот ако остане“ си функционира, без разлика кој е на Илинденска бб.

— реклама —

На ова мора да му се стави крај. ГДУ жестоко ќе се бори за промена на изборниот модел. Правдата е невозможна без силен Парламент кој ќе биде контролор, а не извршител, без пратеници кои ќе гласаат по сопствени убедувања, а не како ќе нареди лидерот. До тогаш Заев, Мицкоски и Ахмети само напразно зборуваат за правна држава, се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија-ГДУ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања