Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ГДУ до Пендаровски: Апелираме да почнете да се однесувате како Претседател на Републиката, а не како нечиј советник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
gdu

ГДУ со отворено писмо до претседателот. Во соопштението тие пишуваат:

— реклама —

-Чувствувам обврска да Ви се обратам на овој начин затоа што за моја искрена жал, станавте составен дел од еден крајно манипулативен процес предводен од двоецот Заев-Мицковски, процес кој се случува пред целата македонска јавност во исклучително трагичен период, се вели во соопштението од  ГДУ.

Независно од Вашите критериуми, Ви обрнувам внимание дека употреба на еуфемизмите од типот „инклузивност“ што на прост македонски јазик се нарекува – вклученост, подразбирање, сеопфатност, а од пристојност и кон Вас и кон Вашата функција, еуфемизам нема да Ви го преведувам, од вклученост досега не видовме ништо.

— реклама —

Ви обрнувам внимание дека настрана од екипажот на „Двоецот со кормилар“ СДСМ,ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, на гласачкото ливче се наоѓаат уште единаесет политички субјекти кои настапуваат самостојно. Нашата маленкост, Граѓанско Демократската Унија- ГДУ е под реден број седум (ова е доколку сакате да гласате за нас во ИЕ1)

— реклама —

Не можам да зборувам во името на другите политички партии, но верувам дека и кај нив има одредено незадоволство од начинот кој е под секое елементарно ниво на пристојност, недостасува уште и нас и граѓаните да не прогласите за скап и непотребен декор.

Веројатно е бесполезно, но апелирам до Вас, да почнете да се однесувате како Претседател на Републиката, а не како нечиј советник и да ги земете во предвид сите аспекти од Вашето досегашно постапување. Не Ви треба тој кајак на кој се надевам, се наоѓате без Ваша волја, се вели во соопштението од  ГДУ.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања