Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

ГДУ: Додека се бараа виновници за датумот избега убиецот на Мартин Нешковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
gdu-darko

Убиства, кражби, запалени автомобили, рекетирање, напади, бегаат затвореници, изчезнуваат

— реклама —

лица, се намалуваат казни за најозогласените криминалци – животот во Македонија како во

— реклама —

акционен филм. Граѓаните се чувствуваат се понебезбедни. Одговорност за ништо нема. Има

— реклама —

само празни оправдувања и живот во страв и неспокој, истакна портпаролот на ГДУ- Дарко Попоски.

— реклама —

Додека се бараа виновници за датумот избега убиецот на Мартин Нешковски, затвореникот Игор

Спасов. Му се укина доживотната казна на Алмир Дрпљанин за нападот на полициските Алфи во

2008 година, кога загина еден припадник на Алфите. Во Штип во рок од неколку дена се запалија

шест автомобили, а само една кривична пријава.

Во меѓувреме нерешеното си остана нерешено. Не дознавме ниту кој испука над 25 куршуми од

калашников од возило во движење среде Скопје и две лица беа брутално убиени. МВР не успеа

да ги фати ниту убијците на Дилавер Бојку. Со денови се криеа деталите за убиството на Никола

Саздовски – Саздо и сѐ уште не знаеме кој е третиот и зошто сѐ уште не е приведен.

Па продолжуваме - Во Охрид секоја ноќ има кражби, а граѓаните се приморани сами да си ги

чуваат домовите со палки. Во Скопје на секои четири часа има по еден ограбен стан, а ретко која

кражба е расчистена. Масовни кражби на велосипеди, речиси ниту еден не е пронајден.

Оливер Спасовски вели дека од кога дошле на власт животот бил побезбеден. Прашуваме дали

ова е безбедноста ? Дали треба да се чувствуваме побезбедни кога криминалците се на слобода,

разбојниците не се фатени, затвореници бегаат, не знаеме кој пали автомобили? Спасовски нека

излезе на улица и нека ги праша граѓаните дали се чувствуваат безбедни, истакна портпаролот на ГДУ- Дарко Попоски.

https://www.facebook.com/GragjanskoDemokratskaUnija/videos/1893550787457072/?epa=SEARCH_BOX

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања