Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

ГДУ: Фала ви Петре, Наташа, Теута што се угушивме!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
38085894_685977301736032_1256429932972605440_n

“Скопје нижи рекорди во загаденост и Битола се гуши во ПМ10 честички, а Петре Шилегов и Наташа Петровска си организираат дружби на кои си се смеат сами на својата неспособност и заедно со министри , директори и колеги се гоштеваат на сметка на граѓаните.

Загаденоста, комарците, проблемот со кучињата скитници се реални проблеми, а вие сте избрани за да ги решавате тие проблеми.

— реклама —

Господине Шилегов ако велите дека ви е добро познат муабетот дека „ништо не работиш“, тогаш зошто не ги засукате ракавите?

Скопје е шести најзагаден град во светот. Ова ли е светата должност за која зборувавте пред изборите? Ова ли е стратегијата за намалување на загаденоста? Вака ли ја замислувавте зелената европска престолнина?

— реклама —

Илјадници смртни случаи има годишно. Ова е алармантно.

Една година седиш во фотелја, а од 40-ина мерки за намалување на загаденоста со кои се пофали пред избори, си реализирал само една.

И не е алармантна само состојбата во Скопје и Битола, Тетово редовно високо котира на листата на најзагадени градови во Европа.

— реклама —

Еуроњуз ни посвети прилог: Невидлив убиец на улиците во Македонија – најзагадена држава во Европа.

Ова воопшто не е комично, ова е трагично. Не барајте оправдувања, бидејќи едно зборувавте пред изборите, друго сега.

Неколку илјади лица умираат годишно како резултат на загадениот возудх.

Спроведување мерки, а не само фалби по телевизии дека нешто ќе направите!“, стои во сопштението на ГДУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања