Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ГДУ: Ги прашуваме Заев и Мицкоски дали Прибе во Извештајот препорача вие да преговарате за Обвинителството?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
gdu

Повторно сме сведоци на политички пазарења, сега за СЈО. Во право е премиерот кога вели „кои се Мицкоски и Заев па да кажуваат дали им се допаѓаат обвинителите“, а ние прашуваме кои се СДСМ и ДПМНЕ да преговараат за обвинителството, зад затворени врати да кројат решенија кои им одговараат само нив, стои во соопштението од Центарот за комуникации на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ?!

— реклама —

Ги прашуваме Заев и Мицкоски дали Прибе во Извештајот препорача вие да преговарате за Обвинителството? Дали политичкиот пазар е европска вредност?

ГДУ постојано потсетува дека реформите се неопходни и оти за добивање на датум за почеток на преговорите клучни се реформите во правосудството. Но не реформи кои се плод на политички пазар. Туку реформи кои ќе водат кон правна држава, а не продолжување на праксата судство и обвинителство заробени од партиите.

— реклама —

Ги предупредуваме лидерите на СДСМ и ДПМНЕ да ги тргнат рацете од судиите и обвинителите, да престанат со пазарењата и надмудрувањата, во спротивно не може да се зборува за независни правосудни органи.

СЈО не смее да се укине. Мора да ја врати довербата кај граѓаните, да работи неселективно и да ја оправда целта – бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата. Сомнежите постојат и тие се оправдани, ова е тест пред бриселската одлука Заев и Мицкоски да покажат дека не се борат за скриена амнестија и созавање можности да се избегне правдата, се вели во соопштението од Центар за комуникации на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања