Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ГДУ го промовираше својот локален клуб во Виница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
55698519_270122923911649_2490806965521874944_n

Вчера, Граѓанско Демократската Унија го промовираше својот локален клуб во Виница. На промоцијата во ресторанот „Александар Парк“ присуствуваа голем број членови и симпатизери на ГДУ од Виница. Во своето излагање претседателот на локалниот клуб на партијата, Дејан Соколов, ја истакна идејата и целта на партијата и изрази жалење за тоа дека Виница веќе станува празен град, бидејќи не престанува трендот на иселувањето на младите луѓе, се вели во соопштението од ГДУ.

— реклама —

„Не е проблемот секогаш во парите, проблемот е и во системот на државата, лошото здравство, образованието, судството, институциите“, изјави Соколов пред виничани. Граѓанско Демократската Унија-ГДУ ќе биде блиску до граѓаните и ќе ги очекува нивните идеи за подобрување на состојбите на повеќе полиња во Виница, додаде Соколов.

— реклама —

Во своето обраќање претседателот на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ, Петар Колев, им порача на виничани да им дадат шанса на храбрите млади луѓе кои што сакаат да сменат нешто во државата, бидејќи и покрај тоа што до сега го давале својот глас за големите партии и нивните „паметни“ политичари резултатот е речиси испразнета Виница.

За потпретседател на партијата е именуван Дарко Илиев. Локалниот клуб во Виница е четвртиот Локален клуб на Граѓанско Демократската Унија. Претходно ГДУ ги промовираше своите локални клубови во Штип, Охрид и Куманово.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања