ГДУ: Градоначалникот не ни одовори кој наплаќа на црно по 150 денари на одедени локации по плажите во Охрид?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
plaza-222

Пред една недела побаравме одговор од градоначалникот, но сѐ уште не добивме одговор за наплатата на црно на одедени локации по плажите. Деновиве добиваме пораки од наши загрижени сограѓани за нови такви локации, а една од нив е земјиштето пред хотелот Орце Николов, наспроти хотелот Белведере.  Наплатата за паркингот е  во висина од 150 денари, па повторно ќе го прашаме градоначалникот кој дал таква дозвола? На кој основ е дадена дозвола? Дали воопшто е дозволено да се наплаќа и да се користи овој простор, прашуваат од ГДУ.

— реклама —

Не сакаме да претпоставуваме и да носиме заклучоци дека можеби ова служи само за перење на пари. Каква улога има градоначалникот кој одобрува наплата на црно и ги потпомага тие што го прекршуваат законот? Зарем охриѓани ќе продолжат да бидат најголемите туристи и да ја плаќаат цената, за да може градоначалникот да го испорача тоа што им го ветил на своите блиски и на партиските војници?

— реклама —

Сигурни сме дека и за ова ќе ги обвини ДПМНЕ и претходните градоначалници, нели тие се за сѐ криви. Но нас не зачудува фактот што прават инспекторите и кој им дава наредба да гледаат „низ прсти“. Дали конечно ќе почне да важи законот или ќе се продолжи со безредието? Очигледно градоначалникот нема намера да ја смени тактиката и да се откаже од испорачување на зделките кои беа склучени пред изборите.

— реклама —

Во име на ГДУ и од име на нашите сограѓани, му порачуваме на градоначалникот да преземе мерки околу овој проблем и  да почне да  важи законот исто за сите. Да престанат  да се прават поделби на партиски војници (првостепени граѓани) и второстепени (обични граѓани кои немаат политички активности).

СТОП за беззаконието и безредието! Охрид не го заслужува ова! Охриѓани не го заслужуваат ова, се вели во соопштението од ГДУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања