Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ГДУ: Изборите не можат да бидат фер и коректни додека постојат различни услови за учесниците во нив

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
gdu

Граѓанско Демократска Унија стои позади изјавата на нашиот кандидат за градоначалник на Општина Охрид, Михаил Трендафилов-Нанче, дадена денеска по потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори, пишуваат во соопштението за медиуми од ГДУ.

— реклама —

„Во една земја во која постои Устав и закони нема потреба да потпишуваме кодекс за фер избори. Ако некој ги прекрши фер изборите, треба согласно законот да одговара. Коректните работи ќе се видат. Некоректните треба да се санкционираат. Ние зборуваме цело време за демократија, но изгледа демократијата е заборавена. Демон-кратија. Не очекувам фер избори, како можат да се фер кога за едни се дозволуваат милиони да се трошат за избори, за некого цел половина билборд. Малите не можат да се истакнат, што значи малите се санкционирани. Според мене многу работи ќе треба да се сменат. Ако е вака, малите никогаш не ќе можат да дојдат на сцена, без финансиска помош, колку и да се добри“, рече нашиот кандидат Михаил Трендафилов-Нанче.

Според нас изборите не можат да бидат фер и коректни додека постојат различни услови за учесниците во нив. Не може да има фер и коректен избор кога за малите (новите) партии важи едно, а за големите „играчи“ друго.

— реклама —

Ние од ГДУ прашуваме:

  1. Фер и коректно ли е едни политички чинители да можат да трошат милиони за предизборна кампања, а други (во случајот нашата партија) да добијат право на еден билборд?
  2. Во што се изразува декларативната заложба за фер и коректност кога малите партии од старт се осудени да се борат во нерамна битка со партиите на статус- квото?

Одговор не очекуваме, но им порачуваме на СДСМ и ДПМНЕ дека граѓаните ќе им го покажат црвениот картон на 21 април 2019 година, велат од ГДУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања