Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ГДУ: Јавноста бара одговори, обвинителите си отидоа на одмор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
gdu

Додека се објавуваат снимки, се пуштаат различни шпекулации, јавноста бара одговори, обвинителите си отидоа на одмор. И притоа не уверуваат дека се работело во континуитет. Прашуваме од каде се работи? Од плажа? Наместо обвинителите да ги засукаат ракавите и да го истражат случајот до крај, тие решија да одморат. Се отвора сомнеж, дали тоа што не се проширува истрагата е обид нешто да се прикрие? Зошто Обвинителството молчи за снимката и не ја повикува Јанева на распит? Кој кого штити,  се вели во соопштението од ГДУ.

— реклама —

Власта вели никој не е заштитен и никој нема да биде поштеден, но сликата која се создава во јавноста е друга. Јавноста има право да ја знае вистината. Видеото ја разбранува јавноста, разногласие на сите страни, а обвинителите на плажа.

— реклама —

Ова не може вака. ГДУ апелира истрагата да се забрза, обвинителите да го прекинат одморот и случајот „Рекет“ да го истражат до крај. Мора да дадат одговори кој се учествувал во овој криминал и да не оставаат простор ниту за најмал сомнеж. Никој не смее да биде заштитен, секој што бил инволвиран во овој случај треба да одговара!

Доколку тоа не се случи, ова ќе биде само уште еден премиер за спрегата власт- обвинителство- судство, се вели во соопштението од ГДУ.

— реклама —

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања