Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ГДУ: На избори заедно со граѓаните, а на власт сами

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
gdu

„Живот за сите", „Преродба во 100 чекори",„Реформите ќе победат", „За твојата иднина", „Заедно напред"... и уште многу слогани кои само служеа за мобилизирање на гласачите, а не донесоа ништо подобро. На избори заедно со граѓаните, а на власт сами. И после се, не се изненадување бројките кои покажуваат негативен природен прираст за повеќе од 10 проценти во споредба со лани. Но се крајно разочарувачки и предупредувачки дека треба нешто да се преземе, се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.

Според бројките од Државниот завод за статистика, се помалку млади се решаваат да склучат брак и да формираат семејство. Бројката на умрени, е поголема од бројката на новородени. Граѓаните во оваа држава немаат никаква сигурност, ниту финансиска, ниту правна. Младите иднината не ја гледаат во својата земја, туку бараат начин да заминат и да се спасат. Овие факти и бројки во никој случај не смее да се игнорираат. Алармот е вклучен. Ова мора да се сопре. Наместо личното и партиското богатење, мора во преден план да се стават интересите на граѓаните, оние кои го даваат суверентитетот.

— реклама —

Бројките се поразувачки, а мерките кои се преземаа изминативе години не дадоа никакви резултати. Се докажа дека и тие се само чист популизам и обид пред избори да се привлечат повеќе гласачи. Потребна е длабинска анализа, а не дневнополитичка. Неопходно е да се формира сектор за популациона политика, по примерите од европските земји. Итно се потребни нови мерки и активности за подобрување на демографската состојба.

— реклама —

Во Владата потребен е експерт кој ќе работи на оваа проблематика. Но и секој министер треба да се посвети на ова прашање. Во Србија дури и претседателот на државата е претседател на формираното тело за популација. Но пред се, за да се сменат работите на граѓаните им е потребна сигурност и стабилност. Правна држава, економски стабилна, се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања