Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

ГДУ: Наместо Манчевски да даде предлози како вработените да си ја заработат платата, тој ги мотивира да не работат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Каква деструктивност. Наместо министерот Дамјан Манчевски да излезе со конкретни предлози како да се мотивираат вработените да си ја заработат платата, а граѓаните да добијат подобри услуги, тој излезе со„генијално“ решение, велат од Граѓанско Демократска Унија.

— реклама —

„Замислете на кој не му се одело на работа да си седи дома и да си зема социјална помош, која впрочем е приближно колку минималната плата. Министерот ги мотивира административците да не работат. Е уште ова не се видело!

Министре, со оглед на тоа што вие и вашиот колега Хазби Лика, не успеавте да го решите проблемот со околу 1000 административци по Рамковен, кои со години земаат пари од македонскиот буџет, а седат дома како да се социјалци,  не сме премногу зачудени од вашиот предлог. Но веруваме дека барем пред да заигра метлата и во моменти кога Брисел не оценува, барем малку ќе се потрудите да најдете начин за подобрување на работите.

— реклама —

Се понадевавме дека ви стана јасно оти со роднини во администрација – нема реформи, па помисливме дека ќе почнете од оние кои  дозволиле такви вработувања. Да ги мотивирате раководителите да се борат против непотизмот и партизацијата. Очекувавме да кажете што донесоа вашите Стратегии и акциски планови кои ги промовиравте, кои се промените aкo се направени. Како ги измеривте?

Или пак министре Манчевски се откажавте од вашите грандиозни стратегии, па решивте да ја средите администрацијата со „генијални“ решенија?“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања