Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

ГДУ: Нелегално градење на верски објект, а сега и големо албанско знаме се развеа на Самоиловата тврдина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
gdu

Повторно обид за подгревање на меѓуетничките односи и тоа повторно во Охрид. По планот за изградбата на нелегално градење на верски објект, сега големо албанско знаме се развеа на Самоиловата тврдина, се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија- ГДУ , Охрид.

Дали некој намерно се обидува да ги скара христијаните и муслиманите во градот, а со тоа да ги наруши и добрите меѓуетнички односи? Дали ова е со цел да се сврти вниманието од некои други теми? Во последнава деценија секогаш во предизборен циклус се посегнува по национализмите како одбранбено средство за немоќта на политичките партии.

— реклама —

Власта и институциите молчат, очигледно е дека владее беззаконието и пазарењето, се со цел остварување на тесно партиски и лични интереси. Сѐ ќе се премолчи само да се победи на избори.

ГДУ повикува на разум и да не се подлегнува на провокации и притисок. Предупредуваме дека подгревањето на меѓуетничките односи никогаш не излегува на арно. Бараме до крај да се расчисти овој инцидент и пред јавноста да се соопштат сите детали. Доколку оние кои раководат со надлежните институции не се способни и не се подготвени да го сторат тоа, тогаш време е за оставки.

— реклама —

Граѓаните не прифаќаат половични информации, искривување на вистината, задкулисни игри. Заврши времето на играње на картата на „национализмот“, се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија- ГДУ , Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања