Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ГДУ: Одговорност за скандалот со прислушувањето мора да има, институциите да спроведат ефикасна истрага

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Граѓанско Демократска Унија денеска преку соопштение посочи дека одговорност за скандалот со прислушувањето на обвинителите мора да има, а воедно институциите да спроведат ефикасна истрага.

— реклама —

„Кој ги поставил уредите, точно кога, со која цел, дали некој бил во тек со обвинителските истраги и дали јавните обвинители биле уценувани со прислушувани разговори? Државниот обвинител, Љубомир Јовевски во петокот го обелодени скандалот дека откриле дека во склоп на телефонската централа имало два хард диска на кои биле снимени телефонски разговори направени преку фиксните телефони во обвинителство од 30 септември 2016 година па до сега.

— реклама —

Премиерот Заев пак ја нафрли и информацијата дека освен обвинителите, биле снимани и судии. Еден ден после тоа oбвинителството испрати соопштение во кое вели дека постоеле индиции дека прислушувањето траело од 2013-та. Се јави и министерот за внатрешни Спасовски, кој во обраќањето до јавноста ја спомена истата година.

— реклама —

Јавноста дополнително ја збунија СДСМ и ДПМНЕ со меѓусебните обвинувања кој прислушувал. Но, ова е премногу сериозна работа за да се шпекулира“, се наведува во соопштението на ГДУ.

Оттаму додаваат дека јавноста мора да знае од која година се прислушувало, зошто Јовевски прво кажа од 2016-та, па обвинителството го доплни дека можеби се прислушувало од порано? Дали и судиите се прислушувани? Ако МВР имала шест месеци сознанија, што правел Спасовски пола година?, прашуваат од Граѓанско Демократска Унија и додаваат дека не треба да има префрлање на одговорноста, туку лоцирање на истата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања