Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

ГДУ: Падна од власт „ФАМИЛИЈАТА“ за да дојдат „РЕКЕТАРИТЕ“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
gdu

Ова повеќе не може и не треба да е вака. Падна од власт „ФАМИЛИЈАТА“ за да дојдат „РЕКЕТАРИТЕ“. Правдата е мисловна именка во нашето општество. Живееме во средина во која криминалот е величина негувана од политичките елити. Искрено ми е жал за граѓаните на нашата земја. За оние чесни, трудољубиви и искрени земјоделци, лекари, инжинери, работници, занаетчии итн. кои 28 години се мачат со чесен труд, многу жртви и неспиени ноќи да се грижат за сопствените семејства, борејќи се да им овозможат нормален живот на своите деца, се вели во соопштението од ГДУ.

Размислете длабоко дали ова е тоа што го посакуваме за Македонија. Ако сте задоволни од сето ова, најискрено ве замолувам на следните избори гласајте си пак за ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ. Крајно време е граѓаните на Македонија да го победат својот стокхолмски синдром и еднаш засекогаш да се изборат за сопствената слобода. Ова мое обраќање не е кон слепите партиски послушници за кои најважно е партијата да ги смести на државна јасла. Тие секако сами решиле да служат не на својата татковина, туку на криминалната политичка елита од која како благодарност добиле или ќе добијат работно место. Ова го адресирам до вас кои не сакате да оставиме како наследство на сопствените деца „џелати“ кои и нас нè „џелателе“, се вели во соопштението од ГДУ.

— реклама —

— реклама —

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања