Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

ГДУ: Поминаа две години од владеењето на Заев, а бројчаникот кој го постави сè уште не покажа колку пари се украдени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
gdu

Поминаа две години од владеењето на Заев, а бројчаникот кој го постави сè уште не покажа колку пари се украдени. Наместо да донесете правда и мир, судството продолжи да се злоупотребува, продолжи и партизирањето на администрацијата, корупцијата си цвета, има непотизам од невидени размери, се носат скандалозни програми за културата, се договараат тендери во четири очи, здравството е на колена, квалитетот на образованието е на најниско ниво. За сето ова ни укажа и Брисел во последниот Извештај, се вели во соопштението од Центар за комуникации на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ.

Потфрливте и со капиталните инвестиции. Добивме нула од германските стопанственици за економијата. Ништо и од 600 километри автопатишта. Наместо да го намалите бројот на министерствата, вие го зголемивте. Не успевате ниту да го спречите ширењето на синдромот наречен патни трошоци. Молк за промената на изборниот модел.

— реклама —

Секојдневните проблеми со кои се соочуваат граѓаните ги заборавивте, почитувани господа од власта. Ништо не видовме и не почувствуваме од вашиот „План за живот“.

— реклама —

Продолживте таму каде што вашите претходници застанаа, а граѓаните си го бараат чарето надвор од оваа држава, затоа што ништо од тоа што го понудивте за поубав живот, не го реализиравте. ГДУ предупредува дека за неостварените ветувања „метлата“ треба сериозно да заигра. Се надеваме дека нема и таа да биде само дел од списокот „ветено – неостварено“,се вели во соопштението од Центар за комуникации на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања