Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

ГДУ: Посебно сме задоволни од нашиот кандидат за градоначалник на Охрид, кој несебично се вложи себеси во оваа кампања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

gdu

Иако работевте во сенката на претседателските избори, ви честитаме на преданоста и професионалниот однос на сите вас кои бевте дел од кампањата на Михаил Трендафилов-Нанче и овозможивте и тој и Граѓанско Демократската Унија да бидат претставени во најдобро светло пред охриѓани,се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.

— реклама —

Посебно сме задоволни од нашиот кандидат за градоначалник на Охрид, кој несебично се вложи себеси во оваа кампања и покажа дека се може и поинаку, може и подобро.

— реклама —

Колку и некому да му изгледа „скромен” изборниот учинок на Михаил Трендафилов-Нанче и ГДУ, тоа не го менува фактот дека тој резултат е надеж за промени, би додале и невообичаено сериозни промени. Граѓаните одбиваат да бидат статисти во политичките процеси контролирани од „политичките елити”.

— реклама —

Затоа резултатите од оваа кампања ги сфаќаме сериозно и благодарно, особено што ова беше самостоен настап на ГДУ, двајцата водечки кандидати зад себе имаат редици и редици од „партии”.

— реклама —

Конечно, има ли подобар начин во дело да се промовира мотото на Граѓанско Демократската Унија – Не се обидувај да ме газиш, се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања