ГДУ: Повторно апелираме, 30 дена колективен одмор додека не е доцна!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
90611434_23844356281330237_3542715714114682880_n.png

На вчерашната прес-конференција, Драгица Николоска, директор на Центарот за јавно здравје-Прилеп, изјави дека 59 годишна жена вработена во текстилна фабрика, во која работат уште 200 други работници е позитивна на вирусот Ковид-19. Исто така директорката изјави дека текстилната фабриката е целосно затворена и дека работниците се наоѓаат во самоизолација, се вели во соопштението од ГДУ.

— реклама —

На 22 март, апелиравме преку соопштение да се затворат конфекциите и другите производствени капацитети каде е невозможно да се реорганизира процесот на производство и да се почитуваат мерките за безбедност и работниците да се пуштат на 30 дневен колективен одмор. Сето ова со цел да се спречи ширењето на вирусот, имајќи во предвид дека во производствените хали работат многу луѓе без да имаат безбедна дистанца еден помеѓу друг и исто така соодветна опрема за заштита. Тука секако доаѓа и фактот дека истите тие луѓе користат заеднички транспорт а тоа може да предизвика дополнителна опасност од ширење на вирусот.

— реклама —

ГДУ повторно настојува и апелира веднаш да се затворат сите производствени капацитети особено конфекциите и на работниците да им се даде 30 дневен колективен одмор.

— реклама —

Очекуваме ова да биде дел од вонредните мерки донесени од Владата во договор со сопствениците на компаниите и доколку има прекршување на овој договор да следат строги казнени мерки. Се работи за животот, здравјето и безбедноста на илјадници работници како и на нивните семејства. Колку побрзо ќе се донесе мерката за колективен одмор, толку поголема е веројатноста да се спречи наглото ширење на вирусот, се вели во соопштението од ГДУ.

фото: ГДУ

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања