Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ГДУ: Продолжете со ова темпо, па ќе запознаете и нов економски поим -БАНКРОТ!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
gdu

Јавен долг од 49% од БДП. Уште малку, па поминување на половина од нашето БДП. Трошење на плати и пензии, без некоја ефикасност во фискалната политика. Наместо намалување или барем стагнирање, јавниот долг во 2018 година уште ни пораснал. Ова се статистичките показатели од Годишниот извештај на Светска банка за земјите од Западен Балкан, се вели во соопштението од Центар за комуникации на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ.

— реклама —

Контра на ова, има и намалување, ама на бројот на креирани, нови работни места. Ограничена динамичност на приватниот сектор и потреба од длабински економски реформи.

Епа сега, кој е во право? Владата или Светската банка? Некој не работи по правилата на статистиката. Се користат извитоперени показатели, да се покаже дека сѐ е во ред во оваа наша држава. А реалноста? Црна како никогаш порано.

— реклама —

Најголем број на невработени млади лица, најголем јавен долг, секојдневни задолжувања на идните генерации. Економија во рецесија. Странски инвестиции ни за лек. Вработувања само во јавниот сектор. Да ни е жива и здрава државната администрација, за да има место за истакнати членови на кланот.

Вака веќе не оди. Ќе ви се отселат и најистрајните симпатизери, па ќе си организирате избори само за себе и своја душа. Е тогаш барем имајте еден стол помалку во игра, па барем малку да имате меѓусебен натпревар. Нема да биде интересно ако сите си добиете фотелја. Ќе нема од кого да ги наплатувате даноците за вашата плата.

Сепак проверете и како сте со рејтингот кај Меѓународниот Монетарен Фонд. Дали уште имате бонитет и кредибилитет за добивање на нови кредити? Продолжете со ова темпо, па ќе запознаете и нов економски поим-БАНКРОТ, велат од ГДУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања