Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

ГДУ: СДСМ и ДПМНЕ се способни да се испазарат со сѐ , но зошто зад затворени врати кројат решенија за СЈО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
gdu

Се согласуваме со министерката Рената Дескоска дека ѓаволот е во деталите и веруваме дека СДСМ и ДПМНЕ се способни да се испазарат со сѐ  кога се во прашање партиските интереси, но не можеме  да го премолчиме фактот дека овие две партии со месеци зад затворени врати кројат решенија за судбината на СЈО, се вели во соопштението од ГДУ.

Едно е јасно дека независно СЈО значи чекор поблиску кон ЕУ.  Притоа заглавувањето на овој закон во политичкиот пазар ќе го закочи евроатланскиот пат на државата.

— реклама —

А кога сме кај политичкиот пазар, видовме до каде може тој да оди и што сѐ можат пратениците и лидерите.

Па тоа што со месеци се случува зад затворени врати и оптимизмот на власта за можен договор, отвора сомнеж за преќутен пазар на пример да се влечат предметите и да застарат. Ние како партија жестоко ќе реагираме и ќе се бориме против вашите пазарења и  договори за избегнување на правдата.

— реклама —

СЈО има незавршена работа, нечесни функционери имало и ќе има и задачата на оваа институција е да ги лови. Затоа ова Обвинителство треба да добие шанса и да ја врати довербата кај граѓаните, со бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата.

ГДУ повторно ги предупредува лидерите, да ги тргнат рацете од Обвинителството и судството, пазарењата нема да ни донесат датум.

Потребни ни се вистински реформи, велат од ГДУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања