Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

ГДУ: Се наметнува дилема зошто новите „бомби“ се појавија пред владината реконструкција?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
gdu

Никој не е незаменлив, но некои тоа никако да го сфатат. Кога се во прашање оставки или „метлата“ очигледна е нервозата и чувствителноста кај ДУИ, особено по протекувањето на нови нелегално прислушувани разговори на социјалните мрежи за функционери токму од оваа партија. Но уште поочигледно е дека на Заев потешко ќе му оди со „метењето“ во Владата, отколку во партијата, со оглед на тоа што министрите од ДУИ јасно порачаа дека за нив одлучува лидерот Ахмети, а не премиерот, се вели во соопштението од ГДУ.

— реклама —

Ова ќе биде тест за премиерот, дали ќе се ослободи од неспособните, или лидерот ќе ги заштити „белите мечки“.

— реклама —

Но она што се наметнува како дилема е зошто новите „бомби“ се појавија пред владината реконструкција? Дали целта е за да се намали влијанието на ДУИ во коалицијата?

— реклама —

Дополнително загрижува ширењето на нови прислушувани разговори преку интернет. Заев убедуваше дека сите материјали се во рацете на Јанева и нејзиниот тим. СЈО сега не убедува дека новите „бомби“ не се од кај нив, а МВР и Основното јавно обвинителство никако да истражат до крај како овие разговори излегуваат во јавност.

— реклама —

ГДУ бара надлежните да одговорат од кога се овие прислушувани разговори и како стигнале во рацете на објавувачите. Колку вакви материјали има како што се шпекулира на црниот пазар во земјава и надвор од границите на државата, велат од ГДУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања