Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ГДУ секогаш ќе стои во одбрана на студентите и нивните права

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
gdu

Ова ги преминува сите граници. Илјадници студенти чекаат покрив на  глава, а Министерството за образование „мува не го лази“. Заради  неспособноста на Министерството,  студентите не можат да се вселат во  студентските домови и да мислат на испитите, се вели во соопштението од ГДУ.

Најдоцна до 31-ви август списокот требаше да биде објавен, но студентите  и натаму се во неизвесност. Чекаат одговори дали се примени, а како што велат и самите студенти во МОН  се зафатени со пиење кафиња и гледање турски серии. Министерот Адеми соочен со штрајкови, ги заборави студентите.

— реклама —

Го прашуваме министерот Адеми, зошто толку се доцни со списоците?  До кога ќе се држат студентите во неизвесност? Дали и оваа година студентите ќе се соочат со истите проблеми како и лани?

— реклама —

ГДУ се сомнева дека пролонгирањето на процесот е поради некакви и нечии интереси. Истото се случуваше и лани. Студентите излегоа на протест па се објавија, а откако се објавија списоците среде сесија дел од студентите сфатија дека се оставени без место за сместување. Ова ли е грижата за образованието на власта?

— реклама —

Се сместуваат во стари домови, без никакви услови за живот. Секојдневно се соочуваат со нови проблеми, јадат ужасна храна и капак на се МОН ги држи во неизвесност дали ќе добијат кревет во некој од студентските домови, кои личат на сѐ, само не на место каде што би требало да бидат сместени студенти.

Ова е неприфатливо. Апелираме под итно во МОН да се фатат за работа и да ги објават списоците. Во меѓувреме да работат на подобрување на условите за живот во студентските домови.  Студентите секогаш ќе ја имаат поддршката од ГДУ во борбата за нивните права и подобар студентски стандард, се вели во соопштението од ГДУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања