Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

ГДУ: Собранието не смее да биде гласачка машинерија, а пратениците да му бидат по мерак на лидерот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

gdu

Повторно деновиве го гледаме вистинското лице на СДСМ и ДПМНЕ. Пазарот никако да престане. Кога се во прашање партиските интереси, тие се спремни да манипулираат и манипулираат со денови и на крај да седнат и да се договорат. Притоа потенцираме најважен им е партискиот интерес, а не интересот на граѓаните, се вели во соопштението од ГДУ.

Си договараат закон за Јавно обвинителство и си предлагаат обвинители без око да им трепне, правната фела ја игнорираат, исто како и Советот на обвинители. За пописот исто така најавија дека ќе разговараат, па дури и се согласија да зборуваат за предвремени парламентарни избори. Е арно ама најважното го заборавија. Промена на изборниот модел. Неопходно е да се промени сликата за Собранието и начинот на носењето закони. Собранието не смее да биде гласачка машинерија, а пратениците да му бидат по мерак на лидерот.

— реклама —

Го потсетуваме премиерот Заев дека во изборната програма од 2016 година СДСМ има запишано:

— реклама —

„Ќе предложиме пратениците да се избираат по принципот на отворени листи, а Република Македонија да биде една изборна единица. На тој начин, секој глас ќе вреди подеднакво, а граѓаните директно ќе ги избираат своите претставници“.

— реклама —

Епа господа од власта сега е шансата да покажете дали ова е искрено ветување или чист популизам. Господа од опозицијата ова е шанса и за вас доколку навистина се борите против носењето на штетни законски решенија кои земјата ја враќаат назад.

Прво промена на изборниот модел, па избори, се вели во соопштението од ГДУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања