Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ГДУ: Совет на јавни обвинители - како тоа важно звучи?!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
gjorgi-trendafilov-720x480-1

Став на Ѓорѓи Трендафилов, претседавач на НК на ГДУ

Најавена е уште една епизода од сапуницата „Јустиција и нејзините реформатори. Имено, денеска „угледните членови" на уште поугледниот обвинителски Совет, рутинирано и професионално ќе ја одиграат својата добро позната улога на кастински чувари и заштитници, се разбира, сето тоа спакувано во пакетот - Согласно Уставот и Законите!

— реклама —

За десет дена се навршуваат три години од скандалот со фалсификуваните документи на конкурсот за обвинители при Академијата за судии и обвинители, документи поднесени од страна на кандидати за обвинители. Обвинителството и по три години не одговара колкумина од тие лица и понатаму работат како стручни соработници. И по три години, јавноста нема информации што се случи со меѓународната правна помош која Основното Јавно Обвинителство ја побара во рамките на предистражната постапка.

— реклама —

Оваа дилема не е предвидена во сценариото. Всушност, веројатно гледачите и веќе заборавиле дека воопшто и имало таква епизода. Нивното внимание сега го задржува судбината на

напуштената Katy,или, што со оној силен и добро платен правосудно-роднински персонал кому бројот не му знае?! Добро, за почеток секако ќе ги здомиме, сепак се наши деца, јас тебе, ти мене е мотото на оваа весела дружина.

— реклама —

Се разбира, доколку и нешто тргне наопаку, тука се секогаш расположените „лидери" да се договорат што е најдобро за нас, а кога тие еднаш ќе се договорат, потоа се е поинаку, за наша среќа и подобро.

— реклама —

Затоа, да седнеме удобно во кругот на најблиските, не мора со грицки и така се лоши за здравјето на нацијата, и да проследиме уште една епизода од серијата „Јустиција и нејзините реформатори“ и не се грижете за Katy, имаме многу како неа!

Автор: Ѓорѓи Трендафилов, претседавач на НК на ГДУ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања