Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

ГДУ-Штип: Не сакаме меѓународен срам за Штип

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

67792884_2459168764317295_3579568109767360512_n

Благодарност до локалната самоуправа за брзата и експресна реакција. Знамето одново се вее. Повеќе не е на половина јарбол. Еден убав пример како една одговорна власт се грижи и експресно ги решава проблемите. Во тој контекст би сакале да ви укажеме дека одговорна власт исто така се грижи и за спомениците поготово од холокаустот, како на земја -партнер, во овој случај на Израел, се вели во соопштението од ГДУ Штип.

Повеќе од два месеци споменикот на депортираните Евреи е осквернавен со измет од птици и 511 имиња и презимиња на депортираните Евреи не се ни гледаат од птичјиот измет. Доколку власта е презафатена со големи проекти и нема време за грижа на спомениците, ние од ГДУ би направиле акција за чистење на споменикот, во духот на добрите односи помеѓу Македонија и Израел. Со тоа сакаме да спречиме и мега скандал и името на Македонија по којзнае кој пат да се најде на светските медиуми како топ тема во негативен контекст.

— реклама —

Слободно кажете дали да го исчистиме споменикот, за знамето сами не можевме, случајно да не прекршиме некој закон. Но за чистење на споменикот на Евреите ви стоиме на располагање. Само еден пријателски совет. Кој како се грижи за пријателите обично и тие така се грижат за него. Израел е пријател на Македонија но Македонија освен со зборови да се обиде да биде и со дела пријател на Израел.

— реклама —

Ова е веќе втор случај, на 01.03 2013 година, истиот беше вандализиран и никој не понесе одговорност за тоа, за денеска пак да биде осквернавен и оставен од невнимание и негрижа, се вели во соопштението од ГДУ Штип.

— реклама —

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања