Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ГДУ: Требаше да добијат нула од Германците, за да се свестат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
gdu

Требаше да добијат нула од Германците, за да се свестат дека нешто мора да се преземе. Големи планови и фалби слушаме од власта за капиталните инвестиции, проекти нема, само „промашени“ стотици милиони евра има. Ете затоа е и таа нула. Оправдана, се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија-ГДУ.

— реклама —

Откако стигна нулата, на Кочо Анѓушев му текна да се позанимава со капиталните инвестиции. Ќе формирал министерски тим, на чие чело ќе бил тој и ќе ги контролирале капиталните инвестиции.

Арно што се сетивте дека мора нешто да се направи, но не само да се контролира, туку и да се поработи.

— реклама —

„Договорот со Грција е совршен пример и неговата имплементација веќе ги носи првите резултати и сите ја чувствуваме рефлексијата. За помалку од 6 месеци од договорот, 2018-та година ја завршивме со 624, 5 милиони странски инвестиции, што е за 4 пати поголема сума во споредба со 2017-та година“, рече премиерот Заев на 6-тата трибина „Фер општество – шанса за сите“ во Куманово.

„Невработеноста во земјата е на историско најниско ниво и изнесува 19,4 отсто, што е намалување за 3,6% за само една година. Отворени се нови 26 600 работни места. Истовремено, исполнети се очекувањата на Владата, за раст на БДП во четвртиот квартал во 2018-та и тој изнесува 3,7%“. Платите и натаму растат. Иако очекувавме до крајот на 2020-та, верувам дека до крајот на оваа година просечната плата ќе достигне до 500-тини евра“, додаде премиерот Заев.

„Ако продолжиме со овој тренд“, нагласи премиерот Заев, „освен политички пример, Република Северна Македонија ќе биде и економски пример“.

Господа! Вие потфрливте со капиталните инвестиции и тоа лошо се рефлектира врз македонската економија! Ситуацијата е загрижувачка и ова значи дека мора да се направат итни промени во политиките.

Од капиталните инвестиции зависи динамиката и движењето на економијата. Господине Анѓушев, најмалку што се очекува од вас и вашиот тим е под итно да излезете со конкретен план, во кој карактерот и квалитетот ќе бидат во преден план.

Вие најавувате забрзување на капиталните инвестиции и лани но тоа не се случи. Затоа доста е со најави и фалби, почнете со работа,се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија-ГДУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања