Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

ГДУ: Уште еднаш на дело видовме како лидерите, кои наводно се залгаат за демократија за пет минути можат да се договорат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
gdu

Уште еднаш на дело видовме како лидерите, кои наводно се залгаат за демократија и демократски вредности за пет минути можат да се договорат. За жал, партиските интереси секогаш им се на прво место, на сметка на интересите на граѓаните и демократијата.

И видовте без око да им трепне си се договорија за избори, а за изборниот модел молк. И разбирливо. Тие мислат дека тоа не им одговара, оти така ќе им се растури султанизмот. Но притоа свесно или несвесно тие со незалагањето за промена на изборниот модел всушност се заложници на ДУИ. И тука е играта и на двете партии кои во прв план им се функциите и

— реклама —

фотелјите, а граѓаните ги лажат дека се залагаат за демократско општество, беше истакнато на прес конференцијата од ГДУ.

— реклама —

СДСМ и ДПМНЕ одработуваат директно за Али Ахмети, држејќи го како балансер, за тоа кој ќе направи Влада. Ако се изгласа промена на изборниот модел и имаме една изборна единица, тогаш во Парламентот ќе влезат повеќе политички партии и ДУИ нема да биде толку силно како што е сега и нема да може да ги уценува и едните и другите. Ова се неверојатни стратешки грешки, кои завршуваат со нови и нови барања од страна на ДУИ.

— реклама —

Доста е од уцени и ДУИ да биде најголемиот добитник на сите избори.  Додека Мицкоски и Заев се расправаат кој со кого се гушкал, Ахмети си најавува уште една голема победа.

Ние нема да дозволиме да се потисне прашањето за промена на изборниот модел. Бараме сите гласови да бидат правично и праведно распределени во пратеничките мандати.

Ако ги прашувате граѓаните, која е насоката после она што ни се случи во Брисел, тогаш навистина треба да се почитува нивната волја. Волјата на оние  кои очекуваат демократизација на земјата. А тоа е возможно  само преку измени во изборниот модел.

СДСМ и ДПМНЕ сега се ставени на тест, или ќе се изборат за демократски вредности или нивната борба и натаму ќе биде за наклонетоста на Ахмети и ДУИ.

https://www.facebook.com/GragjanskoDemokratskaUnija/videos/946165822425879/?v=946165822425879

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања