ГДУ: Владата молчи за помошта која стигна со поврзаните со Власта коцкарници, казина и фирми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
gdu

Изминува и третиот ден откако се појави прилогот во кој се набројани некои од компаниите кои добиле помош од државата за исплата на плата на вработените. Реакциите во јавноста се главно негативни со оглед дека на него се наоѓаат имиња на поранешни владини функционери, казина, коцкарници како и фирми кои и досега користат бенефиции од државата, се вели во соопштението од ГДУ.

— реклама —

Можеби и не е за изненадување, но сепак, молкот од Владата и Министерството за финансии, пропратено со „предизборни активности“ на членови на владиниот кабинет, остава горчлив впечаток дека приоритетите во моментов не се врзани со последиците од сегашнава состојба.

— реклама —

Граѓанско Демократската Унија пред безмалку два месеци, јавно предложи државната помош за вработените да се насочи дирекно на сметките на вработените, а не на сметките на работодавецот. Бевме свесни, колку и да е добар системот за кој тогаш Владата размислуваше, ќе предизвика реакции во јавноста. Исто така, нема(ше) никаква објективна пречка тоа да не биде реализирано.

— реклама —

Впечаток е дека помошта до самовработените и малите правни лица (од 1 до пет вработени) воопшто ја нема, или тешко доаѓа. И да бидеме искрени, дел од компаниите кои се наоѓаат на списокот, почнаа со отпуштања безмалку со почетокот на кризата.

Конечно, министерката за финансии на ова нека гледа како на шанса да го поправи впечатокот од нејзината последна прес- конференција и да и ги објасни на јавноста контроверзите кои се појавија. Впрочем, кога веќе дел од нејзините колеги почнаа со кампања, веруваме дека тоа би бил одличен предизборен чекор, се вели во соопштението од ГДУ.

фото: Архива

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања