Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ГДУ во целост ги поддржува напорите на СОНК во нивната намера да организираат предупредувачки штрајк

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
gdu

Граѓанско Демократската Унија во целост ги поддржува напорите на СОНК во нивната намера да организираат предупредувачки штрајк со почетокот на школската учебна година, се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.

Како што духовито забележува еден твитерџија – Еден наставник треба да работи 300 години да ги земе парите од патните трошоци на Силвана Бонева – Ние би додале, а ако ги додаме и оние од Мира Дизел...

— реклама —

Секоја „владина гарнитура” помпезно најавува некакви реформи во образованието кои најчесто се од бирократски карактер – наставниот кадар во моментов е во категоријата „даватели на услуги во јавен сектор” – што и да значи ова, само ја потврдува безидејноста и сувопарноста на „реформаторите” кои сѐ уште не можат да ги видат потребите ниту на учениците,ниту на наставниците.

— реклама —

Оттука, ние во ГДУ не само што му сугерираме на ресорното министерство да види колку се платени просветните работници во регионов, туку му обрнуваме внимание и на неприфатливиот статус на истите во рамките на државните/јавните службеници.

— реклама —

Министерството не стори никаков напор за соодветно хармонизирање на законодавстото туку и понатаму функционира како самодоволен организам кој е далеку од својата основна функција.

Затоа, со чесни исклучоци, македонската јавност може да прочита дека се затвораат училишта во Хрватска, но за оние кои се затвораат во Македонија – како во Велес на пример, таквите вести не соодејствуваат со општиот блесок на напредок, веројатно.

Почетокот на учебната година не e повод за организирање „шпалири", „фото сесии" за „првенците на локалните самоуправи" и слични соцреалистични „пригодни настани".

Разочарувачки, но, „реформите” во образованието се сведуваат на оставката на заменик министерот и познатата фраза – учениците ќе ги добијат учебниците до крајов на годината. - Веруваме дека за многумина во земјава ова е нептифатливо, се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања