Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ГДУ: За трската, гуската и по некое ауди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
gjorgji-trendafilov

И Севернава Република за среќа и инает на „неверниот Тома” здраво се држи во своите одамна стекнати библиски рамки. Како поинаку да ја окарактеризираме сагата за Матка и дивоградбите освен како „инспиративна парабола”. Здравата другарска и конструктивна писмена комуникација меѓу разните надлежни и ненадлежни комисии, инспекции,самоуправи и агенции, министерства и министри, се развлекува и извлекува до конечната констатација – Ниеден земски и човечки закон не третира нешто слично,оваа појава е рамна на чудо, дивоградба пред носот на Владата на Северната Република. Алелуја, истакна Ѓорѓи Трендафилов, претседавач со Националниот комитет на ГДУ.

— реклама —

Ние обичните смртници заробени во суеверие и незнаење, не сме во состојба да разбереме како еден вицепремиер и еден генсек, јавно воопшто не се разбираат меѓусебе,дури по потреба и само јавно молчат, па сепак одлично соработуваат во духот на меѓусебното разбирање, толеранција и бездруго љубов. Тоа е толку силно,што се чини дека ќе скокнат до Калишта и со голи раце ќе ги изгаснат огновите кои ја горат трската, огнови кои се палат таинствено и мистериозно. И да, само на некои крапови им пречат засега. Алелуја!

„Ако продолжиме со овој тренд“, нагласи премиерот Заев, „освен политички пример, Република Северна Македонија ќе биде и економски пример“. Куманово, 25.03.2019. И уште еднаш,Алелуја!

— реклама —

Секој суеверен незнајко веднаш помислува на Мира Дизел, сегашен или поранешен Сер(ко) на чие располагање е и веков и светов, причина и цел по себе, распослана низ разни „профитабилни” јавни компании, агенции, дипломатии, регулаторни и нерегулирани тела и органи. И општеството ни било поделено? Младите заминувале? Дајте уште една тура „инклузивност, агрегатори, генератори, вмрежување, или – доаѓа мониторингот на ЕУ, доаѓаат институции кои ќе стават ред.

Младите да не бараат работа во јавната администрација, така може да ја загубат креативноста“, изјавува премиерот а суеверните се чудат и прашуваат:

– А што со овие, досегашниве институции, можеме ли да му ги вратиме на производителот? Но, изненадувањето не завршува тука, професионалниот и независен, објективен и непристрасен медуимски простор (или дел од него) со евровизиска еуфорија вечерва ни приредува нешто кое е е безмалку чудо – дебата меѓу Синот на Таткото и Таткото на…но,за тоа другпат, да бидеме фокусирани на дебатата, на добрата вест, на прецизната фактографија кој е 83, а кој 84% корумпиран, помилуван, аболиран,амнестиран, привилегиран… се во интерес на нашите граѓани и евроатлантски аспирации, присуството на родител или старател не е одамна задолжително.

И додека времето ентузијастички не носи кон сензуалната средба со надпартиските, широко поддржани претседателски кандидати после чиј избор и уште неколку рунди политички пазарења ќе потечат мед и млеко, можеби неслучајно клучевите на Рајот овде,во Севернава Република ги има Крсто. Навистина си чудесна, каква и да си Македонијо, истакна Ѓорѓи Трендафилов, претседавач со Националниот комитет на ГДУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања