Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ГДУ: Зошто Рашковски се извинуваше до небо, а не се повлече од функцијата?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
gdu

Оставка од генералниот секретар нема, одговор на новинарските прашања нема, само закани со тужби против новинари и медиуми. Зошто Рашковски се извинуваше до небо, а не се повлече од функцијата?

— реклама —

Прашањата кои ги поставува јавноста за скандалот со тендерот во М НАВ останаа без одговор. Со заканите со тужби Рашковски прави директен притисок врз медиумите. Актуелната власт кога беше опозиција жестоко го критикуваше притисокот врз медиумите и заканите уаптени кон новинарите, а денеска го гледаме Рашковски како од позиција на моќ го прави истото, се вели во соопштението од ГДУ.

— реклама —
— реклама —

Дали  се точни наводите за нелегални активности врзани за тендер на италијанската фирма „Леонардо“ за опрема за модернизација на М НАВ Рашковски нека докажува пред надлежните институции. Но Рашковски се поврзува со скандалозен тендер и дури и италијанските медиуми пишуваат за тоа. Затоа сметаме дека од етички причини Рашковски требаше да си поднесе оставка. Една Влада чиј генерален секретар се поврзува со местење на тендери и кој навредува нации и држави, со кој образ ќе оди и бара датум за почеток на преговори? Притоа ова не е единствениот скандал со кој се поврзува Рашковски. Неговото име го следат бројни скандали за непотизам, злоупотреба на моќ, криење на документи од јавен интерес.

— реклама —

Зошто премиерот Зоран Заев молчи? Ве повикуваме да се одважите и да излезете во јавноста со став за скандалите кои го следат вашиот човек од доверба. Дали Рашкоски ќе остане на позицијата генерален секретар на Владата? Дали е етички Рашковски да остане на функцијата после се, се вели во соопштението од ГДУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања