Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ГДУ: Зошто власта три месеци го криеше извештајот од ГРЕКО?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
gdu

„Извештајот од петтиот круг на оценка за Спречување на корупција и промовирање на интегритет кај централната власт (највисоките извршни функции) и органите за спроведување на законот, беше усвоен од страна на ГРЕКО на 82-та Пленарна седница (во Стразбур, 18-22 март 2019).

-Владата на одржаната 140-та седница на 18.06.2019 година, ја усвои информацијата за извештајот на ГРЕКО за евалуација на земјата и даде согласност за објавување на извештајот. На седницата, како што соопшти владината прес-служба, Владата го задолжила Министерството за правда да го информира ГРЕКО за нејзината согласност за објавување на извештајот.

— реклама —

Зошто Владата три месеци чекаше за да даде согласност за објавување на Извештајот од ГРЕКО? Што сака да сокрие власта? Широко распространетата корупција, криминалот, советниците и дебело наплатените „совети“, политичките влијанија во МВР?!

— реклама —

Власта ќе рече, „ама голем дел од критиките се однесуваат за владеењето на Груевски“. Ама не почитувани господа на кои помили ви се фотелјите од граѓаните! Вие продолживте како и тие пред вас. Не случајно во извештајот се споменуваат забелешки исти како во ланскиот. Тоа значи дека ништо не се сменило.

— реклама —

ГРЕКО бара јасна дистинкција меѓу политичката власт, МВР и полицијата со цел да се обезбеди доволна оперативна независност. Укажува на тоа и дека обвинителите генерално не гонат системски случаи од висок профил или политички чувствителни случаи.

Појасно укажување и предупредување од ова не може да биде. Без независно и непристрасно судство, без полиција ослободена од политички влијанија, без вистинска борба против корупција нема да не биде. И Брисел и Стразбур истото ни го кажуваат со години наназад“, се вели во соопштението на ГДУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања