Промени тема
Контакт

Гејмерска бомба: Креаторите на Kingdom Come прават RPG во Средната Земја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Магазин
media-library7sqirlifaf8l5MVTtui

Гејминг индустријата доби една од најголемите вести годинава откако чешкото студио Warhorse Studios официјално потврди дека работи на нова RPG игра сместена во светот на Средната Земја од Господарот на прстените.

Студиото, познато по серијалот Kingdom Come: Deliverance, преку објава на социјалната мрежа X соопшти дека станува збор за open-world RPG проект кој засега нема официјален наслов. Воедно беше потврдено дека паралелно е започнат и развој на уште една игра од франшизата Kingdom Come.

— реклама —

Иако деталите за проектот сè уште не се познати, најавата предизвика огромен интерес кај гејмерите, особено поради репутацијата што Warhorse ја изгради со своите комплексни и реалистични RPG игри.

Многумина сега се прашуваат дали новата игра ќе остане верна на first-person перспективата по која студиото е препознатливо, или пак ќе понуди third-person акциски пристап сличен на The Witcher 3: Wild Hunt.

— реклама —

Со оглед на тоа што Kingdom Come е познат по реалистичен и тежок гејмплеј, дел од фановите веќе шпекулираат дека новата игра би можела да понуди сурово и реалистично искуство во светот на Средната Земја, можеби од перспектива на обичен војник или хобит кој се обидува да преживее во војна.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrt1o4mtgevfv0ksLI9a

Најголемиот „League of Legends“ турнир повторно во САД, T1 брка четврта титула по ред

Технологија | пред 4 дена

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања