Генералниот директор на ТАВ Македонија Алпер Ерсој заминува од Македонија. Турската компанија ќе го распореди во друга држава каде оперира.
Според информациите на Независен, Ерсој ќе замине на нова функција во Грузија. Неговото заминување беше познато од поодамна, но поради корона кризата беше одложувана реализацијата на оваа одлука на компанијата.
Неофицијално, на местото на Ерсој, ќе биде назначен Метин Батак, заменик-генерален директор за финансии и административни работи на ТАВ Македонија.