Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

Геолог: Земјотресот во Мјанмар испуштил енергија еднаква на 334 атомски бомби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
19a57115-13bf-4ef2-b238-975ff2eaec64

Земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што во петокот го погоди Мјанмар испуштил енергија што е еквивалентна на повеќе од 300 експлозии на атомски бомби, изјави геологот Џес Феникс за Си-Ен-Ен. Таа, исто така, предупреди дека последователните потреси би можеле да продолжат со месеци.

— реклама —

„Моќта ослободена од ваков земјотрес е околу 334 атомски бомби“, рече Феникс.

Таа објасни дека потресите ќе продолжат бидејќи индиската тектонска плоча продолжува да се спушта под евроазиската плоча во областа Мјанмар.

— реклама —

Феникс додаде дека размерите на уништувањето дополнително ќе се влошат со граѓанската војна во земјата.

„Она што инаку би било тешка ситуација станува речиси невозможно во овие околности“, рече таа.

Тајландскиот вицепремиер Анутин Чарнвиракул разговараше со новинарите по посетата на местото на уривање на облакодер во Бангкок.

На прес-конференција, тој рече дека властите проценуваат дека околу 50 лица во моментов се водат како исчезнати.

„Секогаш има надеж. Работиме неуморно, продолжуваме да работиме дење и ноќе за да се осигураме дека сите се безбедни“, рече Чарнвиеракул.

Тој додаде дека понудите за помош пристигнале од соседните земји и од странство.

„Имаме доволно луѓе и ресурси, но доколку добиеме дополнителна помош, особено технолошка помош, со задоволство ќе ја прифатиме“, рече тој.

На прашањето зошто токму таа зграда се урна, тој рече дека им дал рок од седум дена на истражителите да поднесат извештај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања