„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Георгиески до матурантите: Само доколку бидете упорни ќе го реализирате она што сте го поставиле како животна цел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Kosta

Драги матуранти, еден период од вашиот живот завршува , а друг почнува.

— реклама —

Една врата се затвора, а се отвора друга. Се надевам дека со себе ќе ги понесете најубавите мигови од средношколските денови и ќе продолжите да го градите својот живот најдобро што знаете и умеете. Уживајте во секој нареден момент што следи, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Реката ја пробива карпата не поради својата моќ туку поради својата упорност. Само доколку бидете упорни ќе го реализирате она што сте го поставиле како животна цел . Не е битно дали ќе се одлучите да го продолжите своето образование или не. Битно е на патот кон кој сте тргнале да бидете упорни, истрајни и одговорни. Не е битно дали ќе бидете доктор, адвокат, архитект , занаетчија, земјоделец... битно е работата да ја правите со љубов и посветеност. Само така ќе бидете успешни и среќни, а нашето општество напредно и подобро за сите нас.

— реклама —

Уживајте во годините кои се пред Вас и никогаш не заборавајте ги своите соништа. Јас знам дека сте доволно храбри, чесни и добри луѓе и дека имате доволно сила да одговорите на секој нареден животен предизвик. Пред вас се отворени сите патишта, одберете го оној што најмногу ви се допаѓа и нема да погрешите. Не одете по патеките по кои друг минал, одете таму каде никој не поминал и направете свој препознатлив траг.

Посакувам секој ден да научите нешто ново, а оние кои ќе се одлучат да студираат да го осетат вистинското волшебство на студентските денови , крај себе да ја почувствувате правата љубов , а стекнатите диплома нека ви обезбеди најдобар живот и сигурност.

За да ви се исполнат соништата не треба само да планирате туку и да верувате... Иднината останува на оние кои веруваат во убавината на своите соништа. Затоа продолжете да верувате во себе како што ние веруваме во Вас затоа што иднината на оваа земја останува во Ваши раце.

Вие сте идни градители на овој Свет, напиша градоналникот на ФБ.

https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/601048003834140/?type=3&theater

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 9 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања