Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Георгиески: Имавме исклучително мирни, фер и демократски избори, на кои јасно беше изразена волјата на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

kosta-3

Охриѓани вчера уште еднаш  ја покажаа и ја потврдија својата одлучност за подобра  иднина на нашиот град. Имавме исклучително мирни, фер и демократски избори, на кои  јасно беше изразена волјата на граѓаните. Големата предност која ја имаме, од над 2400 гласови, е сигурен сигнал дека само заедно можеме и мораме да продолжиме напред, се вели цо соопштението од Константин Георгиески, Кандидат за Градоначалник на Охрид.

— реклама —

Искрено и од се срце Ви благодарам на укажаната доверба и поддршката која што ми ја давате мене, на Социјалдемократскиот сојуз и на коалицијата. Сигурен сум дека оваа поддршка ќе биде помасовна и поголема и за две недели, на 5-ти мај, во вториот изборен круг, кога ќе објавиме уште една голема победа во Охрид.

Имаме реални планови за доброто на сите граѓани, ги препознаваме приоритетите за развој на Охрид и цврсто сме определени да одиме напред, да работиме посветено за да ги постигнеме и реализираме сите зацртани цели во нашата Предизборна програма! Охрид  има огромни потенцијали, но само низ заедничка соработка може да го направиме посакувано место за живеење и светска туристичка дестинација!

— реклама —

Само заедно со вас и со вашите предлози може да постигнеме многу! Нашата намера е чесна и препознаена!

Одиме Заедно Напред, се вели во соопштението од Константин Георгиески, Кандидат за Градоначалник на Охрид.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања