Промени тема
Контакт

Георгиески: Ја поздравувам Уредбата со законска сила која ја усвои Владата во делот на управувањето со плажите, ова направи ред во искористувањето на крајбрежјето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Kosta

Почитувани, ја поздравувам Уредбата со законска сила која ја усвои Владата на Република Северна Македонија за примена на Законот за градежно земјиште, во делот на управувањето со плажите, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Со ова очекувам конечно да се стави ред во искористувањето на крајбрежјето на Охридското Езеро за туристички цели, кое се провлекуваше како проблем, години наназад.

— реклама —

Оваа одлука придонесува за исполнување на визијата и целите на Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион, кои се во насока на минимизирање на заканите на исклучителната универзална вредност.

— реклама —

Тука особено се потенцира важноста за воспоставување на поголема контрола на крајбрежната трансформација за целите на масовен туризам и зголемена контрола врз уредувањето на постојните плажи.

— реклама —

Оваа уредба значително ќе придонесе и во насока на исполнување на препораките од УНЕСКО, во делот на стопанисувањето со крајбрежјето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 1 година

— реклама —
kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Трендови | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Трендови | пред 5 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Патувања | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања