Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Георгиески: Мојата Предизборна програма е базирана на реални основи и проекции за остварливи проекти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
press2

Охрид пред повеќе од една година, храбро и одговорно одлучи и за градоначалник го избра Проф. Д-р Јован Стојаноски,  кој неизмерно го сакаше нашиот град. Тој имаше безброј идеи и огромна желба за промени, но прераната смрт не дозволи да ги реализира сите започнати проекти. Ветивме дека ние ќе го оствариме неговиот сон, истакна на пресс конференција кандидатот за градоначалник од СДСМ Константин Георгиески.

— реклама —

Георгиески  продолжи:

Горд сум  што бев дел од неговиот тим и веќе добро го познавам патот по кој заедно одевме и имавме заедничка замисла да го направиме Охрид поубаво и посакувано место за живеење.Понесен од спомените на едно големо пријателство и братство, почувствував голема морална обврска и мотив да ги вложам сите мои човечки капацитети, сето мое искуство и време за да се борам и да го продолжам она што го започнавме заедно! За доброто на Охрид и за доброто на охриѓани, ние можеме и мораме да ги промениме работите, а за рок од една година достоинствено покажавме и дека знаеме како.

— реклама —

Со поддршка на Владата, Општина Охрид повеќе го нема огромниот товар од долгови и камати кои со години го кочеа нејзиниот развој. Процесот на раздолжување е во завршна фаза и тоа е еден голем успех за сите нас. Финансиската стабилност ќе овозможи полесно функционирање и подобра иднина за општината, а ќе има повеќе средства за развојни и инфраструктурни проекти. Консолидацијата на јавните претпријатија беше исто така многу важна активност на која бевме многу посветени и со правилно менаџирање успеавме да обезбедиме услови за пораст на приходите и намалување на трошоците.

Еден од нашите најважни приоритети да ја приспособиме целата постоечка урбана и рурална инфраструктура во функција на потребите на граѓаните. Во фаза сме на реализација на многу идеи и проекти за секој граѓанин да добие решение кое ќе му го подобри животот во неговата средина.

Постојано преземаме мерки за почиста и поубава животна средина. Донесена е владина одлука за формирање на новото Јавно претпријатие „Колекторски систем“, кое ќе ги преземе обврските за одржување, обновување и продолжување на колекторскиот систем. Со ова очекуваме  конечно да се реши горливото прашање за заштита на нашето најголемо природно богатство- Охридското Езеро. Тековно спроведуваме и идеи и планови за подобрување на  условите за развој во туризмот, а кон охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ веќе се воспоставени нови директни линии до Виена, Малме и Милано, а од јули стартуваат и редовните авио линии кон Дортмунд и Менинген.

Освен секојдневната посветеност на реализација на активности, воведовме и нов модел на отворена,  услужна и транспарента локална самоуправа која подеднакво е посветена на сите граѓани.

Мојата  Предизборна програма е базирана на реални основи и проекции за остварливи проекти кои се од големо значење за охриѓани, но и за туристите кои секојдневно го посетуваат нашиот најголем туристички центар.

Ајде заедно да ги поддржиме идеите за подобар Охрид! Ајде  повторно заедно да продолжиме да одиме напред!  Мораме уште еднаш да ја искористиме дадената шанса за подобро утре, за подобри услови за живот на нашите деца, кои сакаме да ја градат својата иднина тука, до нас, во нашиот град.

Ајде да се одлучиме за уште една Голема победа во Охрид!

Одиме напред- Охрид има Градоначалник, истакна кандоидатот на СДСМ Константин Георгиески.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања