Промени тема
Контакт

Георгиески: Охрид заслужува да оди напред, а охриѓани го заслужуваат најдоброто

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Охрид
245934438_916016009004003_5852731348878840013_n

Кандидатот на СДСМ за Охрид, Константин Георгиески, тврди дека Охрид заслужува да оди напред, алудирајќи дека тој е најдобриот избор за градот. Тој влегува во втор круг, каде ќе се бори за повторна власт во Охрид.

— реклама —

„Ние сме тие кои реализираат проекти. Ние сме тие кои градат улици, канализации, водоводи, реконструираат училишта. Ние сме тие кои обезбедуваат подобри услови за развој на туризмот и подобра социјална сигурност за сите граѓани. Ние сме тие кои носат храбри одлуки и затоа од нас знаете што може да очекувате. Охрид заслужува да оди напред, а охриѓани го заслужуваат најдоброто“, напиша Георгиески.

— реклама —
— реклама —

„Реални проекти за Охрид.Нова улица „Јордан Мијалков“ и Реконструкција на улиците: „Партизанска“ „Димитар Влахов“ „Галичица“, „7-ми Ноември“,„Илинденска“, „Шар Планина“, „Даме Груев“, „Момчило Јорданоски“, „Бекир Алириза“, „Веле Марко“, „Винковачка“, „Тетовска“, „Ѓорче Петров“. Со сите успеси кои ги постигнавме во делот на инфраструктурата покажавме дека сме суштински поразлични од претходниците. Продолжуваме заедно со граѓаните, да работиме за интересите на Охрид“, додаде Георгиески.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања