Чест ми е што денес имав можност да бидам дел од свеченото отварање на 11-та Меѓународна научна конференција посветена на безбедноста, која се одржува во Охрид, во организација на Факултетот за безбедност од Скопје и Фондацијатa „Ханс Зајдел”, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
Градоначалникот во својата објава додава:
Овој академски собир е еден од најголемите во областа на безбедноста во овој регион и особено значајно е тоа што годинава ќе биде посветен на Евро-атланските врeдности во балканските држави.
Се надевам дека потврдените заклучоци, кои ќе произлезат од изнесените научни трудови ќе овозможат спроведување на рационални и прифатливи решенија за заедничка соработка, особено во областа на безбедноста.
Силно верувам во потенцијалот на меѓудржавната соработка и плановите за градење на нови мостови кон иднината. Охрид отсекогаш бил и ќе остане космополитски центар на Балканот, па затоа посакувам да биде појдовна точка за нови видици кон регионалниот напредок.
https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.683087338963539/683087222296884/