ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

Георгиески во чест на 40 годишнината од искачувањето на првата охридска планинарска експедиција на Мон Блан, објави свое фото од највисокиот врв на Алпите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
kosta-mon-blan

Поминаа 40 години од денот кога за прв пат охридска планинарска експедиција го освои врвот Мон Блан на Алпите, највисокиот врв во Западна Европа од 4.810 метри. За подвигот на Владo Бојаџи, Љупчо поп Стефанија, Владимир Тунтев, Михаил Битрак, Тони Бојаџи, Климе Волкан, Миле Бафчанџиев, Људмил Цветаноски и Киро Филев, на иницијатива на Кирил Димоф- Гафиљ, беше изработена и специјална документарна Тв емисија „Од Белото езеро до Белата планина - 40 години подоцна“, во која се споделени спомените и бројни ретки материјали од овој настан.

— реклама —

На овој љубилеј се потсети и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски.  Тој на својот ФБ профил напиша:

Чувството дека се искачувате на високите врвови за да можете да го видите светот, а не светот да ве види вас е највозвишено. Освојувајќи го „Мон Блан“ пред точно четири години успеав да го претворам во реалност мојот голем сон и да реализирам еден важен животен предизвик. Овој успех го гледам како една голема победа над себеси и секогаш ќе го гледам како огромен мотив и поттик за уште многу животни победи, напиша градоначалникот на ФБ.

— реклама —

 

https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.326540667951543/641566596448947/?type=3&theater

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања