Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Георгиески за А1ОН: Стојам зад моите ставови за Бугаријам за мене не е проблем ако некои политичари покренат иницијатива за мое протерување од државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
georgieski

Властите во Македонија остро го критикуваа бугарскиот претседател Румен Радев, кој вчера на заеднички состанок ги повика бугарските специјални служби да ги заштитат Бугарите во Македонија. За претседателот Стево Пендаровски и за премиерот Зоран Заев, постапката на Радев е мешање во внатрешни работи. И Пендаровски и Заев ги отфрлија обвинувањата дека одредени граѓани се напаѓани и дискриминирани само затоа што се декларираат како Бугари, како што тврди културниот центар од Битола „Иван Михаилов“, Објави А1ОН.

— реклама —

„ Ако сме простиле на Србите кои биле три пати пожестоки окупатори на овие простори, ако сме им простиле во поновата историја на УЧК и седат во Владата не гледам проблем да им простиме и на Бугарите. Аршинот треба да биде ист. Ако не простуваме, не простуваме на никој. Треба да ја смениме перцепцијата и да признаеме дека Бугарија била најголем поддржувач на Македонија во 19 век. Факт е дека секој ранет комита од Македонија одел на лечење во Бугарија. Секој кој бил гонет се криел во Бугарија, 90 проценти од оружјето доаѓало од Бугарија, обуките биле таму во Бугарија. Таа поврзаност Бугарија- Македонија била многу јака, што е проблемот да ја признаеме.

— реклама —

Триесет години го зборувам ова. Ако ги утврдевме пријателските места немаше да дојдеме до ова, ако секој политичар градеше по еден чекор, ниту ќе имавме обврски, ниту ќе ја имавме оваа шокова терапија.“, вели Георгиевски во интервју за А1он.

На бурните реакции во јавноста откако тој ги изнесе и сега потврди за „А1он“ неговите гледишта, Георгиевски рече дека стои зад нив и не е проблем ако некои политичари покренат иницијатива за негово протерување од државата. Вели дека има три државјанства, покрај македонското и бугарското , но не кажа кое е третото.

Не се чувствува повикан дека ја брани бугарската страна и додаде:

„Од 1990 година откако се појавил на политичката сцена добивам етикети за кој работиш и што , но никогаш не сум се повел на планот на популизмот. Ако 90 година не сум се откажал од идејата за самостојна Македонија, кога најголемиот број беа за Југославија“ рече Георгиевски.

 

Текстот во целост на:  Објави А1ОН.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања