Најславната охриѓанка маратонка Атина Бојаџи е родена на денешен ден 1944 година. Таа со само 11 години успеала да ги собори сите македонски рекорди во пливање на кратки патеки во слободен стил, делфин стил итн, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
Градоначалникот во објавата додава:
Атина Бојаџи била светски шампион во маратонско пливање на слатки води на Охридскиот маратон одржан во 1962 година. Таа два пати била светски шампион. Првиот пат со само 18 години, но вистински подвиг запишала кога учествувала на сериозно опасниот маратон Саида-Бејрут кога од 23 натпреварувачи на целта успеала да стигне таа и уште еден пливач од Египет. За својата пливачка моќ од претседателот на Либан Бојаџи добила орден за храброст.
Бојаџи до денес останува најмладиот првак на Охридскиот пливачки маратон на сите времиња, напиша градоначалникот на ФБ.

Фото: ФБ Константин Георгиески