Охрид се простува од истакнатиот писател и хроничар на градот, Видое Видически.
Загубивме вреден и голем човек, кој преку својата посветена работа и долгогодишно творештво остави значајни дела и силен печат во историјата на Охрид, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
Во продолжение на својата објава градоначалникот додава:
Во мое лично име и во името на Општина Охрид го упатувам моето искрено сочувство до семејството и неговите пријатели. Нека почива во мир и нека му е вечна слава.
