Охридскиот регион заедно со Охридското Езеро е непроценливо природно богатство, па затоа Заштитата на животната средина е еден од најважните приоритети во нашето работење. Колекторскиот систем долги години не беше функционален со целиот свој капацитет, а во одредени периоди во годината претставуваше огромен еколошки проблем за Охридското Езеро. Благодарение на посветеноста на Премиерот Зоран Заев и на Владата, веќе се преземени конкретни мерки за решавање на ова горливо прашање, на што сме посебно горди. Донесена е одлука за Формирање на ново Јавно претпријатие „Колекторскисистем“, кое ќе ги преземе обврските за одржување, обновување и продолжување на Колекторскиот систем, истакна Д-р Константин Георгиески, кандидат за Градоначалник на Охрид од редовите на Социјалдемократскиoт Сојуз на Македонија.
Во насока на заштита на езерото, преземени се и конкретни чекори заедно со општините Дебрца и Струга за пренасочување на реката Сатеска во старото корито. Спореднајавите,проектот ќе се реализира со средства од европските фондови.
Исто така започната е постапка за изработкана Студија за валоризација на СтуденчишкотоБлато, а вотек е подготовка на нов Локален еколошки акционен план на Општина Охрид.
За подигнување на капацитетот и подобрување на услугите, за потребите на ЈП „ОхридскиКомуналец“ набавени се 7 специјалникомуналнивозила, а во соработкасоова претпријатие веќе се презевмени конкретни мерки за решавање на проблемот со кучињата скитници согласно сите позитивни законски прописи.
Во нашата Предизборна програма имаме уште многу планови со кои сакаме да придонесеме за современи еколошки стандарди какви што му доликуваат на еден туристичкицентар. Планираме да ги следиме стандардите за модерно одлагање на отпад во урбаните зони, а ќереализирамеи проекти за осовременување на примарната селекција на отпадот во домаќинствата.
Ќе преземеме активности запоставувањенановиподземнии прес-контејнери,за кои веќе има утврдени локации. Вложуваме напори за изнаоѓање на Локација за депонирање на градежен шут и цврст отпад со што би се решил проблемот со дивите депонии во околината, особено во делот на Националниот Парк „Галичица”. Планирамеопремување на современа Претоварна станица за комунален отпад како и поставување на мерна станица за контрола на квалитетот на воздухотво Охрид.
Знаеме дека граѓанитесејасни и сериознивосвоитебарања за чиста животна средина, одговорно гислушаме и гиразбираменивните потреби и посветено работиме да донесеме видливи резултати!
Охридзаслужувадаодинапред, охриѓанизаслужуваатповеќе!На 21-ви април да го избереме бројот 7! Заедно Напред за Охрид, истакна Д-р Константин Георгиески, кандидат за Градоначалник на Охрид од редовите на Социјалдемократскиoт Сојуз на Македонија.