Георгиески: Заврши периодот на договарање и молење, во Охрид почнува да се уриваат дивоградбите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
izjava-zaev.Still237

ВИДЕО

— реклама —

— реклама —
EtK1ABLPc1I
— реклама —

Нема да има селективност кон никого, па ниту кон угостителскиот еснаф. Ние извршивме инспекциски надзор на платформите. Им порачувам на угостителите од утре да ги чекаат инспекторите со налог за инспекциски надзор и за објектите и за терасите кои што таму се поставени.  Тоа ќе важи не само за угостителските објекти во стариот дел на Охрид, туку и на плажите. Уривање во Охрид ќе има многу скоро, категоричен е првиот човек на Охрид, градоначалникот Константин Георгиески.

Георгиески појаснува дека во тек е изготвување на Планот за управување со Охридскиот регион, и дека токму со тој план  точно ќе се знае што може, а што не може, а не да прави кој што сака и каде сака.

„Пописот на инвентар, вклучително и на довоградби во Охридскиот регион е завршен и во тек е евалуација“, вели Георгиески.

Градоначалникот појасна дека сопствениците на дивоградби уште еднаш писмено ќе бидат известени и дека ќе им биде даден рок за отстранување  на дивоградбите.  

„Периодот на договарање и молење завршува и апелирам сите што имаат такви објекти сами да почнат да ги отстрануваат затоа што после откако ќе бидат извршени, ќе им бидат наплатени сите трошоци, ќе им биде доставен трошковник што предвидува покривање на трошоците не само за уривање, туку и за полициска асистенција и други работи.    Им останува некој рок од уште десеттина дена да почнат тоа да го прават сами. Периодот на преговарање, договарање, молење заврши.“ – категоричен е Георгиески.

Што се однесува на писмото кое дел од угостителите го упатиле до надлежните институции и во кое велат дека се „премиелиле“ и дека ја повлекуваат претходната најава дека самостојно ќе ги урнат дивоградбите, градоначалникот им порача од утре да ги чекаат инспекторите со налог за инспекциски надзор и за целокупните објекти заедно со терасите, а не само на платформите.

Инспекцискиот надзор на платоформите веќе е спроведен. Сега ќе добијат решение за отранување на само на платформите, туку и за објектите и за терасите, рече тој притоа појаснувајќи дека се работи за сите платформи на брегот на езерото, и тоа не само во градот туку и на плажите.

По однос на забелешките на угостителите дека треба да се најде начин за уредување на проблемот за нивните угостителски објекти, Георгиески вели дека решението ќе следи откако крајбрежјето на езерото ќе се врати во првобитна состојба.

„Има план за управување со тој дел. Постојат важечки детални урбанистички планови и ќе постапуваме според плановите, а не како некому ќе му текне да поставува објекти низ градот“, рече градоначалникот.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања