Георгиевски до Донев: Сакам јавно да Ве запрашам што ни остави Вашата локална власт во наследство?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
kosta-press

— реклама —

Градоначалникот на Општина Охрид преку соопштение реагираше на обвинувањата што на негова адреса денеска ги упати претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Сашо Донев, а во врска со актуелните случувања во градот. Еве што напша Георгиески во отворената реакција до опозицијата:

— реклама —

„Господине Донев

— реклама —

Охрид се сака со работа посветеност и дела. Охрид не се сака со секојдневни дегутантни прес конференции исполенти со омраза и лични навреди, пред се кон мене. Таа пракса ја почнавте од првиот ден кога станав ВД Градоначалник, по истиот принцип ја водевте и предизборната кампања, така продолжувате и понатаму, но резултатот од Вашата ниска и примитивна стратегија можевте да го согледате од резултатот на изборите.

Совршено го опишавте Охрид во времето кога Вие и Вашата партија бевте на власт. Престанете да мислите дека охриѓани имаат кратко помнење како Вас. Многу добро се сеќаваме на летните сезони, кога реквизитите за урбана опрема имаше на секој чекор, а улицата „Ванчо Николески“ беше претворена во базен. По должината на целата улица „Кеј Македонија“ имаше поставено кошаркарски и боксерски реквизити, како и слични други бучни направи, а тезги со секакви производи имаше буквално насекаде. Реално е да се каже дека Охрид ова лето беше чист и уреден како никогаш до сега и за тоа добивме пофалби од сите посетители. Дали знаете колкава енергија треба за тоа? Нормално дека не знаете затоа што никогаш истото го немате постигнато.

Сигурно добро знаете, но сакам јавно да Ве запрашам што ни остави Вашата локална власт во наследство? Јавни претпријатија со по 5 неисплатени плати, нерешени плажи, општина со огромни долгови, нула проекти …. Во секое делче пустош.

Ме повикувате за проектот за Али Пашина Џамија , на кој Вие му дадовте конзерваторска дозвола и заверен проект со минаре. Ме повикувате за Хотелот во Лагадин на кој Вие му дадовте одобрене, а јас донесеов решение за ништовност, кое за прв пат Второстепена комисија го потврди. Ме повикувате за Градскиот пазар, кој Вие го почнавте со непрецизен и недефиниран договор, кој е проблем и за инвеститорот и за Општината.

Што направивте Вие за регулација на сообраќајот во Стариот дел на градот? НИШТО … така го оставивте да се гуши во возила. Знаете ли дека една од препораките на УНЕСКО е редуцирање на сообраќајот во овој дел на градот.

Ние до сега покажавме дека навистина сериозно, одговорно и одлучно се залагаме за зачувување на статусот на УНЕСКО, со презцизни мерки и активности. Што направивте и што постигнавте Вие на ова поле? Да не заборавиме дека првата реактивната мисија на УНЕСКО беше во Охрид, кога Вие и Вашата партија бевте на власт.

Господине Донев, Ви предлагам да ја зајакнете Вашата пр-стратегија и не по една, да започнете да организирате по две прес-конференции на ден, кои апсолутно немаат никаква смисла, ни ефект.“ – стои во реакцијата на градоначалникот Константин Георгиески.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања